СРЕДНАТА ВОЗРАСТ ВО МАКЕДОНИЈА ДОСТИГНА 42 ГОДИНИ – Но сме помлади од ЕУ просекот
Состојбата во регионот покажува дека помлади од нас се само во Црна Гора, а најстаро население имаат Грција и Бугарија

Според податоците на Еуростат за 2025 година, средната возраст на населението во Македонија изнесува 42,21 година, додека во Европската унија таа е 44,9 години.
Во последните десет години, средната возраст во нашата земја се зголемила за речиси пет години, од 37,4 години во 2015. Во споредба со соседните земји, помладо население од нас има само Црна Гора (40,4 години), додека Албанија (44,3), Србија (45,4), Грција и Бугарија (47,2) имаат постаро население. Во Хрватска и Словенија средната возраст е 45,5 години.
Во рамките на ЕУ, најмладо население има Ирска со просечни 39,6 години, додека најстаро е во Италија со 49,1 година.
Од 2015 година, средната возраст во ЕУ се зголемила за 2,1 година (од 42,8 на 44,9 години). Зголемување се бележи во речиси сите земји, освен во Германија и Малта, каде има благо намалување од 0,4 години. Најизразено стареење се забележува во Словачка и Кипар (+4,0 години), Италија (+3,9), Грција и Полска (+3,8) и Португалија (+3,7).


