СРЕДБА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА СО СЛОВАЧКАТА АМБАСАДОРКА Разговарале за продлабочување на соработката во енергетскиот систем
На средбата беше најавена и посета на висока словачка делегација на почетокот од следната година, што треба дополнително да го зајакне партнерството и да отвори можности за нови заеднички енергетски проекти.

Министерката за енергетика Сања Божиновска се сретна со словачката амбасадорка Ивета Хрицова, при што разговараа за продлабочување на соработката, особено во енергетскиот сектор. Акцентот бил ставен на енергетската трансформација, зелените технологии и регионалното планирање, како и на значењето од стабилни и модерни системи.
На средбата беше најавена и посета на висока словачка делегација на почетокот од следната година, што треба дополнително да го зајакне партнерството и да отвори можности за нови заеднички енергетски проекти.
CATEGORIES Бизнис

