СРБИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА ВО ШОК Терористот во Сиднеј бил член на српскиот ловен клуб „Застава“

Загинаа 16 лица, а 42 се повредени за време на прославата на Ханука.

СРБИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА ВО ШОК Терористот во Сиднеј бил член на српскиот ловен клуб „Застава“
Фото: Принтскрин

Во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди во Сиднеј, кога Навид Акрам (24) и неговиот татко (50) отворија оган врз присутните за време на прославата на Ханука, загинаа 16 лица, а 42 беа повредени. Според амбасадорот на Србија во Австралија, Раде Стефановиќ, меѓу загинатите и повредените нема српски државјани.

Според информации до кои дојде „Блиц“, помладиот напаѓач имал членска карта на ловното здружение „Застава“, основано и управувано од српската заедница во Нов Јужен Велс.

На местото на нападот е пронајдена неговата возачка дозвола, која покажува дека Навид Акрам е роден на 12 август 2001 година. Под возачката дозвола била и членската карта на ловниот клуб „Застава“. Ова здружение покрај рекреативен лов, е место каде српската заедница во Сиднеј организира забави и дружења.

Вања Кужет, претседател на „Застава“, во изјава за „Блиц“ потврди дека Навид Акрам бил член на нивното здружение.

CATEGORIES
TAGS
Share This