СРБИЈА НЕ ЈА ГЛЕДА БОСНА КАКО МОНОЕТНИЧКА ДРЖАВА Ѓуриќ од Дејтон на 30 годишнината од одбележувањето на мировниот договор

Настанот во Дејтон, каде во 1995 година беше ставен крај на босанската војна преку посредство на САД, обедини политички лидери, претставници на меѓународни институции и дипломати.

СРБИЈА НЕ ЈА ГЛЕДА БОСНА КАКО МОНОЕТНИЧКА ДРЖАВА Ѓуриќ од Дејтон на 30 годишнината од одбележувањето на мировниот договор
Фото: Влада на Република Србија

Србија испрати силна дипломатска порака до меѓународната заедница по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, истакнувајќи дека останува посветена на мирот, соработката и европската иднина на регионот.

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето во Дејтон, изјави дека овој собир претставува значајна можност да се покаже новото лице на Србија – држава која се менува, напредува и е подготвена да гради партнерства.

„Србија е земја која се развива брзо и динамично, земја која гледа кон иднината и која нуди рака на соработка“, изјави Ѓуриќ. Тој додаде дека ова претставување на Србија е обид да се освежи и подобри нејзиниот имиџ на меѓународната сцена.

Во своето обраќање пред Парламентарното собрание на НАТО, кое се одржа во рамките на настаните во Охајо, министерот Ѓуриќ испрати порака за почитување на суверенитетот и сложената структура на Босна и Херцеговина.

„Јасно ја пренесов нашата позиција – Србија не ја гледа Босна и Херцеговина како моноетничка држава. Ниту како држава каде една страна треба да има доминантна политичка контрола врз другите две. Србија ја поддржува рамнотежата воспоставена со Дејтонскиот договор и очекува сите актери да ги почитуваат тие принципи“, рече Ѓуриќ.

Настанот во Дејтон, каде во 1995 година беше ставен крај на босанската војна преку посредство на САД, обедини политички лидери, претставници на меѓународни институции и дипломати. Фокусот беше ставен на значењето на мирот, дијалогот и стабилноста на Западен Балкан.

Ѓуриќ нагласи и дека Србија, и покрај сложените регионални предизвици, останува фактор на стабилност и партнер кој сака да го гради мирот на Балканот преку отворена комуникација и меѓусебно почитување.

CATEGORIES
TAGS
Share This