СРБИЈА НА ГОТОВС – Формиран трипартитен воен сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово

Средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција за развој на одбранбената индустрија

СРБИЈА НА ГОТОВС – Формиран трипартитен воен сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово
Фото: Принтскрин

Министрите за одбрана на Хрватска, Албанија и Приштинските привремени институции, Иван Анушиќ, Пиро Венгу и Ејуп Македончи, денес остварија средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

На средбата, според нивните објави на социјалните мрежи, се разговарало за продлабочување на соработката во областа на одбраната, со посебен акцент на развојот на одбранбената индустрија и подобрување на производствените капацитети според стандардите на НАТО. Албанскиот министер истакна дека се дискутирани и следните чекори во заедничките проекти насочени кон зајакнување на капацитетите и подобрување на воената индустрија.

Хрватскиот министер Анушиќ посочи дека декларацијата за соработка во одбраната „никој не го загрозува“ и дека е насочена кон „зачувување на стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пак, изрази загриженост дека формирањето на воениот сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана претставува закана за Србија и дека прашањето не е соодветно разбрано на меѓународен план.

На 18 март 2025 година, Албанија, Хрватска и Приштина потпишаа меморандум за соработка во областа на одбраната и безбедноста. Високите претставници на Србија оценија дека меморандумот е во спротивност со подрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, според која КФОР е единствената вооружена сила во Косово и Метохија.

CATEGORIES
TAGS
Share This