СРАМ ЗА ЛЕВИЦА – Катка од Левица наместо договор со Реџепи, оди на муабет со ПР-мајсторот на ДУИ
Но, она што е срамно за Левица е фактот што нивната кандидатка Катка се спушта на ниво да разговара со ПР-мајсторот на ДУИ наместо како што доликува да разговара на ниво со кандидатот на ДУИ за градоначалник.

Политичката партија Левица не крие веќе дека во вториот круг е во неформална коалиција со ДУИ. И гледано од политички аспект не е спорно дека партиите можат да си прават коалиции со кого ќе посакаат. Тоа е нивно законско и партиско право.
Во таа смисла е и најновата фотографијата што се појави во јавноста на која заеднички се договараат за вториот изборен круг Катка Божиновска, кандидатка на Левица за градоначалник на Тетово, и Арди Исмаили, шеф на ПР-тимот во штабот на Бајрам Реџепи, кандидатот за Тетово од ДУИ.
Но, она што е срамно за Левица е фактот што нивната кандидатка Катка се спушта на ниво да разговара со ПР-мајсторот на ДУИ наместо како што доликува да разговара на исто ниво, односно, со Бајрам Реџепи како кандидатот на ДУИ за градоначалник.


