СРАМ, КАЕЊЕ И БОЛКА – Сведочење што ја потресе судницата
Пресудата ќе биде соопштена на 25 јуни, следнаат недела.

На денешното судско рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, второобвинетиот Велибор Манев откри нови детали и изрази длабоко каење, срам и душевна болка. Тој со трогателни зборови рече дека дури сега сфатил дека бил само пион во двоен план на Љупчо Палевски.
„Испаднав наивна будала. Палевски шест години ме подготвувал како жртвен вол,“ изјави Манев, истакнувајќи дека верувал во план за
Манев во судницата првпат го откри идентитетот на човекот кој добил задача од Палевски да го уништи синиот ранец – Зоран Давитков, вработен во Народна банка и член на партијата Десна.
„Палевски ми се јави од турската граница и ми рече да му се јавам на Зоран – да го уништи ’пакетот’ од канцеларија, односно ранецот со мотороли и пиштол,“ сведочеше Манев.
Манев тврдеше дека бил уценет со животот на семејството, изманипулиран, но и дека по извршените убиства зачувал снимки како доказ, за да спречи целосна подметнувачка конструкција против него и останатите.
„Никогаш немав намера за убиство. Ако знаев дека ќе се користи пиштол, немаше да бидам овде. Траумите и болката од сликите што ги носам, ќе ме јадат додека сум жив,“ рече со солзи во очите.
Манев истакна дека бил предупредуван од најмалку четири лица да се пази од Палевски, но не верувал:
„На човек кому сум му помогнал со сѐ, не му верував. Останува само да си ја слушнам казната и да живеам со последиците.“
Со наведната глава, го заврши своето обраќање, оставајќи тежок впечаток во судницата.
На денешното рочиште со завршни зборови и другите зборови.
Обвинетиот Боре Видевски, кој од почетокот на постапката ја негира вината, накратко се обрати пред судот:
„Нема да давам завршен збор, нема да кажам ништо. Се согласувам со тоа што го кажа мојот бранител.“
Наспроти него, обвинетиот Влатко Кешишев се одлучи да говори, изразувајќи каење за својата вклученост:
„Морам да кажам дека многу се каам и имам грижа на совест што воопшто бев со нив, бидејќи тие сè разговараа, испланираа и завршија сами. На мене ми кажаа да ќутам, да не се мешам и да седам настрана.“
Кешишев го повтори дел од својот претходен исказ, опишувајќи го денот кога беше киднапиран Панче Жежовски.
Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, се обрати со едно едноставно, но болно прашање до првообвинетиот Љупчо Палевски:
„Зошто ми е убиена Вања?“
Со глас полн болка и разочараност, тој порача дека сè уште ја чека вистината која, според него, ѝ припаѓа и на неговата ќерка и на сите кои ја бараат правдата. Посочи дека, иако од почетокот на судскиот процес се надевал дека сè ќе се дознае, сега – кога крајот се наближува чувствува дека вистината останува недоискажана.
„На почетокот изразив надеж дека процесот ќе ја разоткрие целата вистина. Седам, не гледам, но внимателно го слушам секој збор. Денес, како што се ближи крајот, чувствувам празнина, како нешто суштинско да недостасува. Еден од обвинетите јасно посочи дека Палевски ги знае сите одговори. Затоа сега му се обраќам – нека стане, нека се поклони и нека ја каже вистината. Не во долга изјава, туку во две реченици – зошто ми е убиена Вањичка? – рече Ѓорчевски.
Притоа, адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвинението за соучесништво во грабнувањето на сопствената ќерка, истакнувајќи дека неговата единствена улога во целиот случај е улогата на жртва – татко кој го изгубил најмилото.
Пресудата ќе биде соопштена на 25 јуни, следнаат недела.


