СРАМ И ДВОУМЕЊЕ Цеца открива зошто првично не сакала да ја сними „Четак зановетак“
Цеца имала и расправија и со татко за „Цветак зановетак“

Светлана Цеца Ражнатовиќ ја сними својата прва песна на само 14 години, а уште со дебитантскиот албум стекна огромна популарност и се искачи на самиот врв на музичката сцена.
Песната што ѝ ја отвори вратата кон големата кариера беше „Цветак зановетак“, иако пејачката неодамна призна дека никогаш не ѝ била драга и дека денес ретко ја изведува. Според неа, композицијата не била доволно сериозна, поради што дури дошло и до расправија со нејзиниот татко.
„Очекував да ми дадат песна каква што пееја моите постари колеги, нешто посериозно. Кога ги слушнав стиховите „Со момчињата кога одам, се шегувам, се шегувам“, го згазнав татко ми под масата и му шепнав дека не сакам да ја пеам“ – раскажа Цеца.
Таа откри дека татко ѝ не ја прифатил нејзината реакција сериозно.
„Ми рече: „Молчи, уште си дете“. Јас повторував дека ми е срам и дека не знам како ќе одам на училиште, а тој само одговори: „Што знаеш ти на 14 години“ – изјави пејачката.
И покрај двоумењето, Цеца на крајот ја снимила песната, која подоцна стана еден од симболите на нејзиниот почеток.
„Секако, ја снимив и денес сите знаат како се одвиваше сè. Но вистината е дека навистина не сакав да ја пеам „Цветак зановетак“ и долго се двоумев – призна таа.


