СПАСОВСКИ: ГИ СПАСИВМЕ ВМРОВЦИТЕ ОД ЗАТВОР СО ЗАСТАРЕНОСТА – Ама не знам зошто

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ најмногу профитирале од измените на Кривичниот законик од 2023 година.

СПАСОВСКИ: ГИ СПАСИВМЕ ВМРОВЦИТЕ ОД ЗАТВОР СО ЗАСТАРЕНОСТА – Ама не знам зошто
Фото: Принтскрин

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, за спорните измени на Кривичниот законик од 2023 година, изјави дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа под истрага најмногу профитирале. Тој додава дека токму ова е клучната причина поради која членови и поддржувачи на СДСМ се лутат.

Во телевизиско интервју, Спасовски истакна дека измените од 2023 година биле „лоша и неразбирлива одлука“.

„Ако ме прашате денеска, сè уште не знам која беше целта на тоа законско решение. Враќањето на претходниот член во законот не се случи, а сега имаме некаква модификација. Гледам дека претседателката го потпишала указот, но суштински ни треба нов Кривичен законик. Имаше најави дека новиот закон ќе стигне во Собрание, но за мене беше неразбирливо зошто не можеме да го доставиме законот што беше подготвен во нашето време и да исполниме една од обврските што ги имаме. Работите не можеме да ги вратиме назад, тие направија штета за жал, минатото и смртта немаат лек. Тоа е и една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Не може само да критикувате додека сте на власт, а две години да нема Кривичен законик и да не преземате ништо“, изјави Спасовски во дебатната емисија.

Спасовски во емисијуата не даде одговор зошто биле толку загрижени за функционери на ВМРО-ДПМНЕ,  како што вели да прифтираат и кривичните дела да им застарат, со што, отпадна нивната кривична одговорност.

CATEGORIES
TAGS
Share This