ЈСП СО ПОСЕБЕН ВОЗЕН РЕД Ќе важи денес и утре

Од ЈСП Скопје информираат дека поради празниците Бадник и Божиќ, јавниот превоз денес и утре ќе се одвива по изменет режим.
Во вторник, 6 јануари (Бадник), како и во среда, 7 јануари (Божиќ), сите автобуски линии ќе сообраќаат согласно неделниот возен ред.
За потребите на граѓаните, денеска ќе работат дежурни билетарници и центри за персонализација на следните локации: Транспортен центар, во период од 08:00 до 14:00 часот и жичница, од 10:00 до 17:00 часот.
Жичницата ќе функционира без измени и во двата празнични дена, со редовно работно време од 10:00 до 17:00 часот.
Од ЈСП апелираат патниците навреме да ги планираат своите патувања и да го имаат предвид празничниот режим на сообраќај.
CATEGORIES Македонија


