СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Избор на претседател по завршување на изборите

Башким Бесими е член на Советот од април 2024 година, а заменик-претседател од јули 2024 година, со долгогодишно искуство како јавен обвинител и адвокат.

СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Избор на претседател по завршување на изборите
Фото: Принтскрин

Советот на јавните обвинители едногласно одлучи да го одложи изборот на нов претседател поради претстојните локални избори за градоначалници и советници, закажани за 19 октомври (со евентуален втор круг на 12 ноември).

Мандатот на досегашната претседателка, Душица Димитриевска, истекува утре, а до изборот на нов претседател, Советот ќе го раководи актуелниот заменик-претседател, Башким Бесими.

Димитриевска се заблагодари на колегите за соработката и резултатите постигнати за време на мандатот, истакнувајќи дека Советот успеал да ги подобри транспарентноста и образложувањето на своите одлуки.

Башким Бесими е член на Советот од април 2024 година, а заменик-претседател од јули 2024 година, со долгогодишно искуство како јавен обвинител и адвокат.

CATEGORIES
Share This