СОВЕТОТ ГО ОДОБРИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Предметот се падна кај судијката Илиевска

Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со несреќата.

СОВЕТОТ ГО ОДОБРИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Предметот се падна кај судијката Илиевска
Фото: Национал

Судијката Диана Груевска Илиевска е назначена да го води судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.

„Согласно АКМИС-системот, предметот е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска од Одделот Кривично полнолетни. Таа има 19-годишен судиски стаж во сите оддели на судот, како и претходни 17 години искуство како стручен соработник. За сите натамошни процесни дејствија јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, соопштија од судот.

Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со несреќата.

Пожарот во „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година, кога животот го загубија 62 млади лица, а над 200 беа повредени.

Груевска Илиевска важи за судијка со долгогодишно искуство и зад себе има повеќе високопрофилни случаи. Таа судела во процесот за трагедијата кај Ласкарци, во случајот со новинарот Томислав Кежаровски, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, како и во случајот „Поткуп“, каде обвинет беше тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој подоцна беше ослободен од обвинението.

CATEGORIES
Share This