СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА УТРОВО МИРНА Возете внимателно поради можни одрони

СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА УТРОВО МИРНА Возете внимателно поради можни одрони

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми проблеми, со умерен интензитет и наместа влажни коловози, информира АМСМ. На граничните премини нема значителни задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат на потребата од внимателно управување со возилата и почитување на сигнализацијата, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемен ризик од одрони. Критични делници остануваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Во сила е и законската обврска за поседување зимска опрема во возилата, која започна на 15 ноември и ќе трае до 15 март, независно од моменталната временска состојба.

CATEGORIES
Share This