СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА Сообраќајот се одвива нормално, без застои на граничните премини
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива непречено, по суви коловози

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, прилагодена брзина и строго почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои опасност од појава на одрони. Критични делници се: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


