СОРАБОТКА БЕЗ ПОДЕЛБИ Сите општини добија инфраструктурни проекти

Овие средства се дел од вториот јавен повик, а заедно со проектите од првиот повик, вкупната вредност на инвестициите достигнува 20 милијарди денари, со вкупно 1.200 поддржани проекти.

СОРАБОТКА БЕЗ ПОДЕЛБИ Сите општини добија инфраструктурни проекти
Фото: Национал

Во Владата денеска беа потпишани договори за финансирање на 828 инфраструктурни проекти во општините, во вкупна вредност од околу 14 милијарди денари. Овие средства се дел од вториот јавен повик, а заедно со проектите од првиот повик, вкупната вредност на инвестициите достигнува 20 милијарди денари, со вкупно 1.200 поддржани проекти.

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање, истакна дека е значајно што проекти поднеле сите општини, без разлика на политичката припадност на градоначалниците.

„За нас како Влада е важно што сите општини, независно дали се водени од градоначалници од владејачката коалиција, опозицијата или независни кандидати, аплицираа со проекти. Денес ги потпишуваме договорите за тие проекти“, изјави премиерот пред свеченото потпишување.

Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи со соработка со општините и градежниот сектор за нови инвестиции.

Дополнително, информираше дека на повикот на Министерството за финансии за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10 се пријавиле реномирани финансиски институции од САД, Обединетото Кралство, Франција, како и локални банки, што претставува позитивен сигнал за натамошни капитални проекти.

CATEGORIES
Share This