СООБРАЌАЈОТ ТЕЧЕ НЕПРЕЧЕНО, КОЛОВОЗИТЕ ВЛАЖНИ Блокада на ГП Богородица поради штрајк на грчките земјоделци
Интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е умерен, без подолги гранични задржувања.

Денеска (06.11.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сообраќајот на ГП Богородица (ГП Евзони) од 10:00 до 14:00 часот и 18:00 до 22:00 часот ќе биде блокиран за сите видови возила поради штрајк од страна на грчките земјоделци.
Потсетувам дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.


