СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НОРМАЛНО, ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ДЕЛНИЦИ повици за внимателно возење
Според последните информации од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки.

На одредени делници коловозите се влажни, па се препорачува зголемено внимание од страна на возачите.
Интензитетот на сообраќајот е зголемен, особено на патиштата кои водат кон туристичките дестинации. На граничниот премин Богородица се бележи задржување од околу 30 минути при излез од земјата, додека на останатите гранични премини сообраќајот се одвива нормално.
АМСМ апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да внимаваат на можни одрони, особено на патиштата низ котлини, клисури и речни долини.
Најризични патни правци каде е потребна зголемена претпазливост се:
Катланово – Велес
Маврово – Дебар – Струга
Виница – Берово
Кочани – Делчево


