СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НОРМАЛНО – 15-30 минути чекање на Табановце, другите граници без застои
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

Денеска (22.07.) сообраќајот на државните патишта се одвивa по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


