СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО, зголемен интензитет на излез кај „Богородица“
Интензитетот на сообраќај е зголемен на патните правци надвор од урбаните средини, што е очекувано за овој период од годината кога многу граѓани патуваат на одмор или се враќаат од истиот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки, по суви и претежно чисти коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). И покрај добрите услови за возење, надлежните апелираат на зголемена претпазливост, особено во одредени рурални подрачја каде постои ризик од одрони.
Интензитетот на сообраќај е зголемен на патните правци надвор од урбаните средини, што е очекувано за овој период од годината кога многу граѓани патуваат на одмор или се враќаат од истиот.
На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемено задржување – времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ упатува апел до сите возачи да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со особена претпазливост. Особено се издвојуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можен зголемен ризик од одрони поради конфигурацијата на теренот и природните услови.
Возачите се потсетуваат и на задолжителната проверка на техничката исправност на возилото пред подолги патувања, како и носење на задолжителната опрема.


