СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Но има поголема фреквенција на возила кон границите
Што се однесува до фрекфенцијата на сообраќајот од АМСМ влат дека во текот на денешниот ден интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Фото: Национал
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози и информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) за состојбата на патиштата. Што се однесува до фрекфенцијата на сообраќајот од АМСМ влат дека во текот на денешниот ден интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15-30 минути, на ГП Богородица време на чекање за излез од државата 30-40 минути, на ГП Дојран за излез од државата 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – потенцираат од АМСМ.
CATEGORIES Македонија


