СОНОТ КОНЕЧНО МУ СЕ ИСПОЛНА – Зидан станува селектор на Франција

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан ќе ја преземе функцијата селектор на француската фудбалска репрезентација, објавија неколку угледни француски медиуми. Според информациите, Зидан ќе го наследи актуелниот селектор Дидие Дешамп, кој веќе најави дека ќе се повлече од функцијата во јануари 2026 година.
Дешамп ја води репрезентацијата на Франција од 2012 година, оставајќи силен печат во современата историја на „Триколорите“. Под негово водство, Франција го освои Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во сезоната 2020/21. Исто така, ја одведе репрезентацијата до финалето на Европското првенство во 2016 година и до второто место на Мундијалот во Катар во 2022 година.
Зинедин Зидан, кој има 53 години, беше еден од најбараните тренери во последните години. Својата тренерска кариера ја градише во Реал Мадрид, каде постигна огромни успеси – два пати ја освои шпанската Ла Лига и три пати по ред ја донесе Лигата на шампионите во Мадрид (2016, 2017, 2018), што е рекорд во модерната ера на натпреварувањето.
Преземањето на националниот тим од Зидан се очекува со голем ентузијазам и надеж кај навивачите и фудбалската јавност. Со неговото искуство и авторитет, Франција ќе влезе во нова ера, со амбиција да го задржи врвното место на светската фудбалска сцена.


