СОНИШТА ПРЕКИНАТИ СО КУРШУМ – 82 години од Ваташките младинци
Во рамки на програмата беше одржан и историски час од страна на кустосот-историчар Натка Китева од Музеј галеријата - Кавадарци, како и пригодна културна програма во чест на загинатите.

Во месноста Моклиште, кај селото Ваташа, денеска се одбележаа 82 години од стрелањето на 12 младинци од страна на бугарската фашистичка војска за време на Втората светска војна.
По повод годишнината, беше положено цвеќе пред споменикот и бистите на младите херои. На свеченоста се обрати градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој подвлече:
„Тие беа млади со соништа, со љубови, со живот пред себе. Но, кога слободата беше задушена, не молчеа. Не се скрија. Се исправија. Со голи раце, но со огнени срца, го избраа отпорот наместо покорот. Правдата наместо стравот. Македонија – наместо себеси. Тие беа обични момчиња, а станаа вечни херои. Никогаш нема да дозволиме да бидат заборавени.“
Во рамки на програмата беше одржан и историски час од страна на кустосот-историчар Натка Китева од Музеј галеријата – Кавадарци, како и пригодна културна програма во чест на загинатите.


