СОНЧЕВО СО ОБЛАЦИ – Попладне можен слаб дожд
Претпладне со појава на слаба магла по котлините, попладне можен слаб локален дожд и слаб до умерен ветер од југоисток.

Фото: Национал
Денеска (14.03.) времето ќе б иде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од -1 до 18 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


