СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ ДЕНЕСКА Од утре следуваат врнежи и пад на температурите

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ ДЕНЕСКА Од утре следуваат врнежи и пад на температурите

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а претпладне во дел од котлините ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните утрински температури се движат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 18 и 23 степени Целзиусови, што е над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла во делови од котлината, но преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од минимални 6 до максимални 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре попладне и во текот на ноќта кон вторник се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на поединечни места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Од среда повторно ќе настапи период на стабилно и суво време, со услови за постепено зголемување на дневните температури.

CATEGORIES
Share This