СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ СЕ ДВИЖИ ТРИПАТИ ПОБРЗО ОТКОЛКУ ШТО СЕ МИСЛЕШЕ ДО СЕГА Открива нова студија во својата анализа
Ова откритие го доведува во прашање космолошкиот принцип дека универзумот е хомоген и дека нашето место не е посебно.

Нова студија наведува дека Сончевиот систем можеби се движи трипати побрзо отколку што предвидуваат сегашните модели. Анализата на распределбата на далечни радиогалаксии, спроведена со податоци од неколку радиотелескопи, покажува силен „космички радио дипол“ што значително отстапува од стандардната космологија.
Ова откритие го доведува во прашање космолошкиот принцип дека универзумот е хомоген и дека нашето место не е посебно. Истражувачите велат дека резултатите може да значат дека се движиме многу побрзо отколку што мислевме или дека распределбата на радиогалаксии е помалку рамномерна од претпоставеното.
CATEGORIES Магазин

