СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ СО ОБЛАЦИ – Кон крајот на денот можен слаб дожд

Попладне и кон крајот на денот на одделни места ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ СО ОБЛАЦИ – Кон крајот на денот можен слаб дожд
Фото: Принтскрин

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди ќе преовладува во текот на денот и температура во интервал од -2 до 16 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во попладневните часови и кон крајот на денот на одделни места ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб ветер од променлив правец. Во одредени делови од котлината можно е да има појава на слаб дожд.

CATEGORIES
Share This