СОНЧЕВИ ИНТЕРВАЛИ – Но и студен северен ветер низ земјава
Во северозападните делови можни се услови за провејување на слаб снег, а долж Повардарјето ветерот повремено ќе се засилува.

Фото: Национал
Времето дсенеска (22.02.) ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди ќе преовладува во земјава и температура во интервал од -4 до 10 степени – информираат од Управта за хидрометеоролошки работи.
Во северозападните делови ќе постојат услови за краткотрајно провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарјето повремено ќе се засилува и локално ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Во Скопје и околината попладнево ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе изнесува 11 степени, атмосферскиот притисок 988 хектопаскали, влажноста на воздухот 65 проценти, а брзината на ветерот околу 4 метри во секунда.
CATEGORIES Македонија


