СОНЧЕВ ДЕН НИЗ ЗЕМЈАТА – Засилен ветер на одделни места
Мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Фото: Национал
Денеска (26.02.) времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура во интервал од -1 до 14 степени – информираат од Управта за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


