СОНЦЕ ПРЕКУ ДЕН, ДОЖД НАВЕЧЕР – Времето денес со изненадување

Ден за уживање на отворено, вечер со можни изненадувања.

СОНЦЕ ПРЕКУ ДЕН, ДОЖД НАВЕЧЕР – Времето денес со изненадување
Фото: Национал

Времето денеска (07.04) носи вистинска пролетна атмосфера – сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од свежи утрински 3 степени до пријатни 25 степени во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта се очекуваат услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта, во делови од котлината се можни врнежи од слаб дожд, проследени со слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This