СОНЦЕ КОЕ МАМИ, НЕВРЕМЕ ШТО ИЗНЕНАДУВА – Еве што нè чека

Ветер над 60 km/h, дожд навечер, а на планините и снег, нагла промена за само неколку часа.

СОНЦЕ КОЕ МАМИ, НЕВРЕМЕ ШТО ИЗНЕНАДУВА – Еве што нè чека
Фото: Национал

Времето денеска (26.03.) ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди и температура во интервал од 0 до 20 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а на планините и на некои од повисоките места во западните делови ќе преминуваат во снег.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

CATEGORIES
Share This