СОНЦЕ И УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ – Слаб ветер во поголем дел од земјата
Без значителни температурни осцилации низ земјата, атмосферскиот притисок во постепен пораст.

Фото: Национал
Денеска (24.02.) ќе преовладува сончево време со умерена облачност и температтура во интервал од -2 до 14 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во западните делови од земјата ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во источните делови ветерот ќе биде од северозападен правец.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе изнесува 11 степени, атмосферскиот притисок 984 хектопаскали, влажноста на воздухот 60 проценти, а брзината на ветерот околу 2 метри во секунда.
CATEGORIES Македонија


