СОНЦЕ ДО ПЛАДНЕ, НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ – Нестабилно време низ Македонија
е дува умерен западен, а попладне во источните делови и вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Фото: Национал
Денеска (17.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен западен, а попладне во источните делови и вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија


