СОФИЈА БЕЗ ОТСТАПКИ – Само целосно спроведување на Договорот со Македонија
Заменик-министерот за надворешни работи истакна дека нема дополнителни услови освен целосно спроведување на Договорот за добрососедство.

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека целосно ги поддржува политиките и приоритетите утврдени од кипарското претседателство со Советот на Европската Унија.
На дискусија организирана од „ПанЕвропа“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, заменик-министерот за надворешни работи истакна дека бугарската дипломатија дава поддршка на приоритетите на Кипар во сферата на безбедноста и одбраната, како и на континуираната поддршка за Украина.
Во рамки на соработката со кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од Министерството за надворешни работи на Бугарија повторно го отворија и прашањето за односите со Северна Македонија.
„Бугарија ќе продолжи да има јасна, доследна и конзистентна позиција кон Република Северна Македонија. Не постојат дополнителни услови, освен целосно спроведување на сите аспекти од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, изјави заменик-министерот, цитиран од „News.bg“.
Тој нагласи дека секој обид за заобиколување или формално симулирање на договорот ќе резултира со губење на драгоцено време и пропуштање значајни можности.


