СОБРАНИСКА СЕДНИЦА – Опозицијата ја прашува власта

Секој последен четврток во месецот опозицијата ги поставува прашањата до премиерот и министрите.

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА – Опозицијата ја прашува власта
Фото: Национал

Во Собрание на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 86. пленарна седница, на која на дневен ред ќе бидат пратеничките прашања.

Седницата, која традиционално се одржува секој последен четврток во месецот, започнува со прашања упатени до премиерот и членовите на Владата од страна на пратениците од опозицијата.

Во рамки на истиот ден, согласно редовната пракса, ќе се одржи и месечниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на медиумите.

CATEGORIES
Share This