СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДЛУЧУВА – Савевски предложен за наследник на Коцевски
Судијата од Основниот кривичен суд Скопје е владин предлог за нов државен јавен обвинител, а за избор се потребни најмалку 61 глас во Собранието.

Владата го предложи судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савевски, за нов државен јавен обвинител, дознава ТВ 24. Тој доаѓа на оваа функција со долгогодишно искуство во правосудството и работа на предмети поврзани со висок криминал.
Савевски е поранешен јавен обвинител, а подоцна беше избран за судија во Кривичниот суд во Скопје, каде работеше на едни од најсложените случаи од областа на организираниот криминал и корупцијата.
За да ја преземе функцијата државен јавен обвинител, неговиот избор треба да биде потврден во Собранието на Република Северна Македонија. За изгласување на оваа позиција се потребни најмалку 61 пратенички глас.
Савевски треба да го наследи досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.
Претходно, Ненад Савевски доби позитивна оценка од сите десет членови на Советот на јавни обвинители.


