СОБРАНИЕТО ДЕЕНСКА СО ДВЕ СЕДНИЦИ На дневен ред измени на закони по скратена постапка

Исто така, од Левица е поднесен и Предлог-закон за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.

СОБРАНИЕТО ДЕЕНСКА СО ДВЕ СЕДНИЦИ На дневен ред измени на закони по скратена постапка

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 47. пленарна седница, по што ќе следува продолжението на 34. седница.

На дневен ред на 47. седница се вкупно 12 точки, меѓу кои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик по скратена постапка. Со предлогот се предлага удвојување на роковите за застарување на кривичните дела, како и воведување на незастарливост за дела сторени против службената должност. Исто така, од Левица е поднесен и Предлог-закон за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.

Покрај овие, на дневен ред се и предлог-закони за измени и дополнувања на повеќе закони, меѓу кои Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за работното време на мобилните работници, Законот за гробишта и погребални услуги, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за превоз на опасни материи, Законот за јавна чистота, Законот за културата, Законот за управување со конфискуван имот, како и Законот за заштита на личните податоци. Сите предлози се поднесени по скратена постапка.

Во продолжението на 34. седница, пратениците ќе гласаат по повеќе точки за кои дебатата претходно е завршена. Меѓу нив се Предлог-одлуката за именување членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, исто така поднесен по скратена постапка.

Во текот на денот ќе се одржи и конститутивната седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција.

CATEGORIES
Share This