СО ВЕЛОСИПЕДИ ВО СПОМЕН НА ЖРТВИТЕ – 500 учесници на турата во Кочани
Турата започнува од Паркот на Револуцијата и поминува покрај местото на трагичниот пожар во „Пулс“.

Денеска во Кочани ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и повредените во трагедијата во дискотеката Пулс.
Турата ќе започне во 10:30 часот од Паркот на Револуцијата. Учесниците ќе се движат по рутата низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци и Подлог, при што ќе поминат и покрај местото на трагичниот настан, а потоа повторно ќе се вратат во Паркот на Револуцијата.
На настанот се пријавени околу 500 учесници, велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои со оваа тура ќе оддадат почит кон жртвите и ќе испратат порака на солидарност и сеќавање.
Пред почетокот на турата, присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.
Велосипедската тура е дел од повеќедневната програма со која се одбележува годишнината од трагичниот пожар.


