СНЕГ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Пообилен во западните делови

Температурите ќе се движат од -5 до -1 степен, а снежната покривка на планините ќе се зголеми до 25 сантиметри

СНЕГ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Пообилен во западните делови
Фото: Национал

Времето денска (21.01.) ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег и температури во интервал од -5 до -1 – инфомираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This