СМРТОНОСНА ТЕПАЧКА ПРЕД КАЗИНО ВО КАВАДАРЦИ – Убиено едно лице
Информацијата ја потврди раководителот на Итната медицинска помош, д-р Антоан Паракеов.

Фото: Национал
Лице родено во 1982 година утринава загина во тепачка што се случила пред казино во Кавадарци. Информацијата ја потврди раководителот на Итната медицинска помош, д-р Антоан Паракеов.
„Точно е, имаше убиство при тепачка утринава околу пет часот пред казино. Се работи за смртоносни повреди на главата. Нашата екипа веднаш излезе на лице место по добиениот повик, но констатираше дека лицето е веќе починато“, изјави д-р Паракеов.
CATEGORIES Македонија


