СМРТОНОСЕН СУДИР СО НИЛСКИ КОЊ – Исчезнаа 11 патници на чамец во Африка

Фатални бродоломи во земјата, за жал, не се реткост, најчесто поради преоптоварени чамци што служат за превоз на патници

СМРТОНОСЕН СУДИР СО НИЛСКИ КОЊ – Исчезнаа 11 патници на чамец во Африка
Фото: Принтскрин

Во близина на градот Бужу, на југозападот од Брегот на Слоновата Коска, се случи трагична несреќа кога нилски коњ преврте дрвен чамец на реката Сасандра. Според изјавата на министерката за солидарност Белмонд Дого, 11 лица се водат како исчезнати, меѓу кои има жени, девојчиња и едно бебе.

Несреќата се случила во петок наутро. Три лица успеале да преживеат, а потрагата по останатите патници сè уште трае со надеж дека ќе бидат пронајдени живи, јавува Фигаро.

Официјалните податоци од 2022 година покажуваат дека нилскиот коњ е најчесто споменуваното животно во конфликтите со луѓето во оваа земја, а таквите средби неретко завршуваат со повреди или со смрт. Популацијата на нилски коњи се проценува на околу 500 единки, распоредени долж реките Сасандра и Бандама во јужниот дел на државата.

Фатални бродоломи во земјата, за жал, не се реткост, најчесто поради преоптоварени чамци што служат за превоз на патници. Во април годинава, 12 деца и тинејџери се удавија кога чамец се преврте во лагуна во близина на Абиџан.

CATEGORIES
TAGS
Share This