(ВИДЕО) СМЕШКИ, АПЛАУЗ И ЖЕСТОКИ РАСПРАВИИ – Што се случи на земјоделската трибина во Битола

Жестоки расправии и директни прашања кон министерот на трибината во Битола.

(ВИДЕО) СМЕШКИ, АПЛАУЗ И ЖЕСТОКИ РАСПРАВИИ – Што се случи на земјоделската трибина во Битола
Фото: Национал

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со реакција по синоќешната трибина во општина Битола, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, истакнува дека настанот поминал во конструктивна атмосфера.

Целта на трибината беше директен дијалог со земјоделците и слушање на нивните реални потреби. Присутните имаа можност да постават прашања, на кои беа дадени одговори, што е суштината на оваа кампања.

МЗШВ посочува дека однесувањето на поединци и нивни смислени сценарија ги одразува нив самите, и апелира медиумите да пренесуваат информации објективно, без генерализации кои не ја отсликуваат реалната слика од трибината.

На трибината се забележаа и моменти на жестоки дискусии. Сточарот Борче Бучински истакна дека земјоделците треба јасно да бидат известени каде нема финансии за исплата, наместо да им се ветуваат средства што не можат да се реализираат. Во еден момент Бучински рече:

„Кажи, нема, душата да ти ја земеме“, а некој од присутните додаде: „Од СДС не баравте, сега барате“. Бучински одговори: „Кој не барал бе од СДС…“, што предизвика дел од присутните да се смеат.

Тони Петковски – Паша, исто така сточар, ја побара субвенцијата по грло крава и додаде:

„Замижав и ја поддржав програмата, затоа што кога бевме во кабинет, ми рече ‘ќе завршиме со исплатата’, го исплати лозјето за да одиш на св. Трифун и повеќе застана“.

Ова предизвика мешани реакции и дел од присутните аплаудираа, други се смееја.

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски истакна дека во изминатите два месеци се исплатени субвенции во вредност од 50 милиони евра кон македонските земјоделци.

CATEGORIES
Share This