СМЕНАТА Е НЕИЗБЕЖНА – Мицкоски директен за Коцевски

Ниту јавноста, ниту премиерот не се задоволни од работењето на јавниот обвинител.

СМЕНАТА Е НЕИЗБЕЖНА – Мицкоски директен за Коцевски
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, ја коментираше работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој истакна дека ниту тој лично, ниту јавноста не се задоволни од неговото работење, и дека логичен след на настаните би била негова смена.

„Кога зборувам дека не сум задоволен, тоа важи и за мене лично и за граѓаните. Логичен след на настаните по вакво јавно изнесено мислење е смена на обвинителот“, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека граѓаните масовно сметаат дека Коцевски не ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добива е поголем од оној на 75% од земјите членки на ЕУ.

„Голем дел од граѓаните, акламативно, сметаат дека не ја врши својата работа како што треба. Ако политичката цена е моја вмешаност во извештај каде ќе бидам критикуван, а при тоа буџетот на обвинителството е значително поголем од повеќето европски земји, тогаш некој мора да размисли што прави“, додаде Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This