СЛУЧАЈОТ АУДИ Ослободителна пресуда за Рамиз Мерко

Судот утврди дека во постапката за јавна набавка не постојат елементи кои укажуваат на намера за злоупотреба на службена положба.

СЛУЧАЈОТ АУДИ Ослободителна пресуда за Рамиз Мерко
Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузното службено возило „Ауди“, вредно 67.000 евра. Основниот суд во Струга оцени дека нема доволно докази за да се потврди дека Мерко сторил кривично дело.

Судот утврди дека во постапката за јавна набавка не постојат елементи кои укажуваат на намера за злоупотреба на службена положба. Адвокатот на Мерко, Игор Петковски, изјави дека пресудата потврдува дека целата набавка била спроведена во согласност со законските процедури. Вкупната вредност на службените возила изнесува 114.000 евра.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го обвини Мерко за злоупотреба на службена положба и овластување, а случајот доби поголемо внимание во јавноста откако Мерко беше ставен на црната листа на САД поради сериозни сомнежи за корупција и влијание врз правосудството.

Сепак, судот процени дека во конкретниот случај на јавна набавка нема основа за кривична одговорност, со што Мерко е ослободен од обвиненијата.

CATEGORIES
Share This