СЛОВЕНИЈА ПОТРЕСЕНА Двајца министри си заминуваат по убиството во Ново Место

Советот за национална безбедност одлучи да се зголеми присуството на полицијата во Ново Место, да се испратат дополнителни сили од други делови на земјата и да се активираат специјални полициски единици доколку е потребно.

СЛОВЕНИЈА ПОТРЕСЕНА Двајца министри си заминуваат по убиството во Ново Место
Фото: Принтскрин

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб, свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место. На состанокот, министерката за правда, Андреја Катич, и министерот за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, понудија оставки, кои премиерот ги прифати, јавија словенечките медиуми.

Советот за национална безбедност одлучи да се зголеми присуството на полицијата во Ново Место, да се испратат дополнителни сили од други делови на земјата и да се активираат специјални полициски единици доколку е потребно.

На барањата на опозицијата за оставка на целата влада, Голоб одговори:

„Моето заминување не може да го врати таткото во живот. Министрите ја презедоа одговорноста. Моето заминување би било бегство од одговорноста – сакам да ја преземам за да животот, не само во Долењска, туку и во цела Словенија, биде побезбеден во иднина.“

Нападот се случил во ноќта од петок кон сабота во центарот на Ново Место. Мажот претрпел сериозни повреди на главата и подоцна починал во болница. Инцидентот се случил околу 2:30 часот наутро, кога мажот дошол во бар на улицата Розманова за да го земе својот син, кој бил закануван од група Роми. Според првичните информации, мажот бил претепан од групата, а полицијата уапсила 20-годишен осомничен припадник на ромската заедница.

CATEGORIES
TAGS
Share This