СЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ РЕДОВНИ – Еврообврзницата ја кочи можноста за предвремени избори

Мицкоски објаснува дека економските обврски во 2026 година нема да дозволат техничка влада и предвремени избори.

СЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ РЕДОВНИ – Еврообврзницата ја кочи можноста за предвремени избори
Фото: Национал

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во моментот не гледа причина за предвремени парламентарни избори, иако анкетите на партијата покажуваат убедливо водство пред другите партии. Тој денес на брифинг со новинарите изјави дека следните избори ќе бидат редовни, во пролетта 2028 година „ако нема позначајни промени“, но нагласи дека во политиката ништо не е сигурно.

Мицкоски објаснува дека економската ситуација е главната причина за одлуката да не се одржат предвремени избори. Идната година државата треба да врати значајни средства кон странските доверители: Еврообврзницата од 700 милиони евра доспева во април 2026 година, вкупно треба да се вратат 2,2 милијарди евра следната година. Буџетскиот дефицит изнесува околу 600 милиони евра.

„Ако изборите би се одржале во април или мај, во јануари би влегле со техничка влада со ограничени можности, а тоа би го попречило процесот на издавање на еврообврзницата“, појасни Мицкоски.

Мицкоски најави дека моментално е фокусиран на партискиот конгрес кој ќе се одржи викендов во Кавадарци и на процесот на освежување на партиските структури. Во одредени делови од партијата има преклопување на обврски, па е потребно внесување нова енергија. Се работи за „мека транзиција“ и обновување на тимот во општинските комитети и републичките комисии.

Тој презентира две анкети направени во ноември, кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност, повеќе од двојно или тројно во однос на другите партии.

Во јануари ќе започне подготовката за нова еврообврзница, за што министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, веќе била во Лондон. Агент на земјата е британската банка „Стандард Чартер“. Целосна реализација на купонот се очекува, со оглед на тоа што Македонија нема проблем со инвеститорите, за разлика од земјите во регионот.

Враќање на долгови во наредните години ќе биде по следната динамика: во 2026 треба да се врата 700 милиони евра, 2027 – 500 милиони евра, во 2028 – 700 милиони евра а2029 и 2030 без еврообврзница

Мицкоски истакна дека следната година државата треба да обезбеди макроекономска стабилност, да го одржи инфлацискиот опсег од -–3%, да се почитуваат колективните договори и растот на платите (просечно 9,5-10%), како и реален раст на БДП од 3,5-4% и номинален од 7-8%.

„Овие се параметри кои мора да се постигнат ако сакаме стабилна економија“, заклучи Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This