СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ Локални врнежи и засилен ветер

Невреме со грмежи и дожд над 30 l/m² на одредени места

СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ Локални врнежи и засилен ветер
Фото: Национал

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за локално невреме проследено со засилен ветер (над 60 км/ч) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд, над 30 l/m². Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во Скопје и околината следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во одредени делови од котлината ќе бидат пообилни (15–25 l/m²). Ќе дува умерен, а локално повремено засилен јужен ветер.

За денес, 17 ноември во северозападните делови на земјата се очекува слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (до 60 км/ч). Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а локално повремено засилен јужен ветер.

CATEGORIES
Share This