СЛАВКО ЈАНЕВСКИ – Основоположник на современата македонската литература
Прв роман на македонски јазик „Село зад седумте јасени“ и почетоците на современата литература

На денешен ден 11 јануари 1920 година е роден Славко Јаневски, еден од основоположниците на современата македонска литература и автор на првиот роман на македонски јазик – „Село зад седумте јасени“ (1952). Со над 40 објавени книги, тој твореше поезија, романи, раскази, книги за деца и филмски сценарија.
Јаневски е познат по својот уникатен стил со иронија, хумор и критичко согледување на историјата и животот на Балканот. Во делата како триптихот „Миракули на грозомората“ ги спојува митот, фантазијата и реалноста, прикажувајќи ги чудата, страдањата и човечките судбини.
Тој е член на МАНУ, Македонскиот ПЕН центар, основач и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Добитник е на наградите „11 Октомври“, АВНОЈ, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и други.
Славко Јаневски останува трајна легенда на македонската литература и творец кој со својата имагинација и мудрост го осмисли карактерот на својот народ и остави дело кое продолжува да инспирира и денес.
Во 2013 година, Комисијата за лустрација спровела постапка против него, тврдејќи дека соработувал со тајните служби, што предизвикало реакции од МАНУ, Друштвото на писателите и културната јавност. Јаневски ова го предвиде во делата каде зборува за „продавање на синовите на сопствениот народ“.


