СЛАВЕСКИ: ИНФЛАЦИЈАТА Е СТАБИЛНА Девизните резерви на високо ниво

Девизните резерви изнесуваат околу 4,9 милијарди евра, што обезбедува силна стабилност и надминува меѓународни стандарди.

СЛАВЕСКИ: ИНФЛАЦИЈАТА Е СТАБИЛНА Девизните резерви на високо ниво

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека инфлацијата во земјава е стабилизирана, инфлациските очекувања се закотвени, а девизните резерви се на високо ниво и ја гарантираат стабилноста на девизниот курс. Во последните месеци е забележано и месечно намалување на цените, а проекциите се дека инфлацијата ќе се движи меѓу 2,5 и 3 отсто, со цел да се сведе на 2 процента на среден рок.

Тој нагласи дека референтната каматна стапка останува непроменета, додека се преземаат макропрудентни мерки за ограничување на прегреаното кредитирање, особено кај станбената изградба. Девизните резерви изнесуваат околу 4,9 милијарди евра, што обезбедува силна стабилност и надминува меѓународни стандарди.

CATEGORIES
Share This