СЛАТКАР СО ИСТОРИСКИ КОНЦЕРТ – На Илинден во Охрид
Илинденската вечер ќе биде круна на повеќе од 20 години музичка кариера

На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега. Настанот ќе ја отслика зрелоста на неговата кариера и цврстото место што го има на македонската музичка сцена, резултат на повеќе од дваесет години континуирана и препознатлива работа.
Концертот ќе понуди патување низ песни кои оставиле значаен белег на домашната музичка сцена, сега со нова енергија пред илјадници луѓе, на отворена сцена во град кој е симбол на култура и уметност.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Неговата музика, и покрај менувањето и созревањето со текот на годините, никогаш не ја изгуби искреноста и директноста, а песните продолжуваат да живеат од генерација на генерација. Во време кога сцената лесно заборава, Слаткар останува препознатлив и оригинален, без да се повторува.
На 2 август, „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам и со безвременските хитови на Слаткар, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од ова историско музичко искуство!
Купете карти: kupikarta.com
Продавници: Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер, ЈК Травел Дајмонд


