СЛАБА ПОСЕТА НА АФРИКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ – Одредени натпревари ќе бидат бесплатни

Слабата посета го поттикна организацискиот одбор на АФКОН да дозволи слободен влез

СЛАБА ПОСЕТА НА АФРИКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ – Одредени натпревари ќе бидат бесплатни
Фото: Принтскрин

Почетокот на Африканското првенство во фудбал се соочува со неочекуван проблем со слабата посетеност на натпреварите. Затоа веќе во текот на денешниот ден се преземени мерки и Организацискиот одбор на АФКОН, во согласност со Африканската фудбалска федерација, одлучи да дозволи слободен влез на одредени натпревари од шампионатот. Оваа одлука следи по слабата посета на некои дуели во првото коло.

На натпреварот во Агадир меѓу Камерун и Габон, трибините беа речиси празни на почетокот, но до крајот на дуелот присуствуваа околу 35.000 гледачи, и тоа и покрај силниот дожд. Слична ситуација имаше и на мечот Египет – Зимбабве, кога за време на химните имаше само неколку илјади навивачи. Слаба посета беше забележана и на натпреварите Конго – Бенин и Тунис – Уганда.

Слободниот влез ќе важи 20 минути по почетокот на натпреварот. Исклучок се дуелите на домаќинот Мароко, каде што сите влезници се веќе распродадени и не се соочуваат со овој проблем.

CATEGORIES
Share This